Организацијата на Светското првенство, кое започнува во четврток ја чинела Русија над 15 милијарди долари. Од нив околу 11 милијарди отишле само за стадионите и инфраструктурата околу нив, соопштуваат медиумите во земјата.
Во исто време, сепак, државата домаќин ќе има многу малку приходи, а поголемиот дел од приходите ќе одат кај ФИФА.
Единствените приходи за Русија ќе бидат од туризам. Големите пари остануваат за ФИФА. Светската фудбалска централа ќе заврши со нето профит од 6 милијарди долари по крајот на четиригодишниот мундијалски циклус кој завршува со финалето во Москва на 15 јули.
Предходниот шампионат во Бразил чинеше исто така 15 милијарди долари, а донесе 5.72 милијарди долари чист профит за ФИФА.