Репрезентацијата на Русија која е домаќин на Светското првенство со убедлив триумф го започна својот настап на најголемиот фудбалски настан откако на стадионот „Лужники“ во Москва со убедливи 5:0 (2:0) ја совлада селекцијата на Саудиска Арабија.
Дека квалитетот е на страна на домашната репрезентација се виде уште во првиот дел кога Русија поведе со 2:0 со головите на Газински и Черишев. Третиот гол за Русија беше дело на Артем Џуба, кој влезе во игра во 70. минута, а се запиша во листата на стрелците по само една минута поминато на терен.
Во самата завршница, односно во судиското надополнување Головин преку слободен удар и Денис Черишев со прекрасен погодок ставија точка на оваа убедлива победа.
Вториот меч од групата „А“ се игра утре (петок) од 14.00 часот,а се среќаваат репрезентациите на Уругвај и Египет.