Русинката ќе игра во Синсинати

0

Марија Шарапова доби специјална покана за учество на силниот тениски турнир во Синсинати, соопштија организаторите.

Русинката која се наоѓа на 82. место на ВТА листата во тековнава сезона се појави само на 11 меча во кои забележа седум победи и претрпе четири порази. Шарапова поради повредата на рамото не играше од јануари до јуни а последниот турнир на кој се појави беше на терените на „Вимблдон“ кога го предаде мечот уште во првото коло.

Шарапова која беше и на челната позиција на ВТА листата, последен пат учествуваше на турнирот во Синсинати во 2014-та а го освои во 2011 година.

 

Share.

Leave A Reply