Русинот започна со тренинзи

0

Ѕвездата на Вашингтон, Александар Овечкин, тренираше со тимот за прв пат откако сезоната на НХЛ беше запрена поради пандемијата на корона-вирусот.

Прес-службата на тимот објави дека играчот беше на Флорида за време на паузата пред да се врати во тимската база. Од 8 јуни на играчите им е дозволено да тренираат доброволно, но, само под одредени здравствени протоколи.

34-годишниот играч во регуларната сезона имаше 48 голови на 68 натпревари со што успеа да го изедначи рекордерот на листата на стрелците во една сезона Дејвид Пастрнак од екипата на Бостон.

Share.

Leave A Reply