Русите останаа без двајца значајни играчи

0

Лидерот на кошаркарската репрезентација на Русија, Алексеј Швед, нема да игра на Светското првенство во Кина.

Тој поради повреда ќе направи пауза од најмалку четири недели што значи дека селекторот, Сергеј Базаревич, остана без уште еден квалитетен кошаркар. Познато е дека Димитри Кулагин поради повреда на окото исто така нема да биде дел од експедицијата во Кина. 27-годишниот играч поради мерки на претпазливост го откажа учеството и нема да игра за Зборнаја“.

Русија на кошаркарскиот Мундијал ќе настапи во групата „Б“ заедно со Аргентина, Јужна Кореја и Нигерија.

 

Share.

Leave A Reply