Тенисерите на Русија ја совладаа Италија во финалето на АТП Купот во Мелбурн и за прв пат во историјата ја освоија шампионската титула .
Победникот беше решен во само два меча откако Андреј Рубљов го победи Фабио Фоњинин со 2:0 (6:1 и 6:2) додека Данил Медведев го совлада Матео Беретини со 6:4 и 6:2. Бидејќи Русите направија недостижна предност, мечот во двојки не се одигра.
„Зборнаја“ го презеде шампионскиот пехар од Србија која иако беше предводена од најдобриот играч на АТП листата, Новак Ѓоковиќ, не успеа да се избори за место во завршницата.