Руски тим ќе ја замени Татабања

0

Унгарскиот ракометен состав Татабања не ги исполнил бараните услови од СЕХА и нема да настапи во новата сезона во Регионалната конкуренција, стои во соопштението на интернет-страницата на СЕХА.

Откако унгарскиот тим и првите луѓе на регионалната конкуренција не успеале да најдат заеднички јазик, Татабања е избришана од списокот за наредната сезона а на нејзиното место во групата „А“ е вметнат тимот на Спартак Москва.

Тоа значи дека Вардарци кои се бранители на пехарот од претходната сезона, сега ќе ги очекува патување во Русија на теренот на Спартак. Покрај тие два тима во групата „А“ се уште и: Нексе, Татран Прешов, Војводина и Мотор Запорожје.

 

Share.

Leave A Reply