САД е нова шанса за Македонија, дури 18 позитивни во селекцијата на САД

0

Македонската ракометна репрезентација како прва резерва сè уште чека на повик за настап на Светското првенство, кое започнува утре, а според последните информации кои беа објавени нашата шанса за настап на СП во Египет е возможна.

Причината за тоа е фактот што репрезентацијата на САД во своите редови има дури 18 заразени членови со коронавирус, бројка која секако дека е загрижувачка за селекцијата која не е меѓу светските велесили за да има голем ростер за настап на ваков ракометен собир.

Оваа информација ја објави Расмус Бојсен на својот Твитер профил, пишувајќи дека сите членови на селекцијата на САД при пристигнувањето во Египет беа изложени на ковид-тестирање, а резултатите покажале дека дури 18 се со позитивни тестови. Нашата репрезентација пред два дена ги заврши планираните подготовки за првиот собир во 2021 година, но сè уште се заедно и подготвена го чека повикот од ИФХ за настап на претстојното СП во Египет.

Доколку Македонија биде замена за САД на СП ќе биде во група заедно со репрезентациите на Франција, Норвешка и Австрија.

Share.

Leave A Reply