Кошаркарите на Франција го направија најголемото изненадување на Светското првенство во Кина откако во четвртфиналето успеаа да ги совладаат Соединетите Американски Држави со 89-79.
Иако во поголемиот дел од мечот европскиот состав го имаше темпото и држеше позитивен резултат, на крајот се влезе во крајно изедначена завршница во која тимот на САД направи премногу грешки а промаши и пет слободни фрлања. Тоа беше максимално казнето од противникот кој се израдува на голема победа.
Еван Фурние со 22 поени, и Руди Гобер со 21 поен беа најдобри кај „триколорите“ додека кај Американците се издвои Мичел со 29 поени. Французите во наредната рунда ќе играат со Аргентина.