Сагата околу иднината на Килијан Мбапе е практично пред крај, откако лично претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи објави дека е 200% сигурен дека играчот ќе остане во клубот.
Името на талентираниот француски репрезентативец е поврзувано со Реал (Мадрид) и самиот тој имаше изјавено дека може да го напушти клубот, но очигледно мислењето на неговиот клуб е сосема поинакво.
„Килијан сака да биде повеќе вклучен во нашиот проект и да порасне со тимот”, рече претседателот на ПСЖ за „Франс Фудбал“.
„Разговара со Мбапе и му објаснив дека она што тој го сака може да го има во нашиот клуб, само треба да биде трпелеив и да одиме кон остварувањ на нашата цел. Тој е многу интелигентно момче и убеден сум дека ме разбрал правилно. Сигурен сум 200% дека ќе останат во тимот и нема шанси да го продадеме овој играч” изјави Насер Ал-Хелаифи, претседателот на ПСЖ.