Саинц Јуниор: ми се допаѓа во Рено

0

Карлос Саинц Јуниор тврди дека добро се прилагодува на условите во Рено откако неодамна му се приклучи на тимот.

Шпанецот, кој долго време беше дел од програмата за млади возачи на Ред Бул и започна во Формула 1 во 2015 година со Торо Росо, сега се пресели кај французите. Промената беше дел од договорот на Рено да започне со испорака на мотори на Мекларен на местото на Торо Росо.

„Започнувам да се чувствувам како дома во автомобилот на Рено. Се навикнувам и се надевам дека ќе направам чекор напред во Абу Даби” – вели Саинц Јуниор. Неговиот тим ја има седмата позиција во шампионатот кај конструкторите со заостанување од 4 поени зад Торо Росо и со само 2 предност во однос на Хас.

 

Share.

Leave A Reply