Саиутгејт: Требаше да го решиме мечот во прво полувреме, подоцна беше тешко

0

Селекторот на Англија Герет Саутгејт беше тажен по поразот од Хрватска во полуфиналето на СП 2018, но даде позитивна оценка на севкупната презентација на тимот и изјави дека во следните години Англија ќе станува сè посилна.

„Игравме многу добро во првото полувреме. Ја држевме топката и воопшто го контролиравме натпреварот. Тогаш беше важно да постигнеме втор гол. Дали поради недостаток на искуство или затоа имавме водство, по паузата дозволивме на противникот да направи иницијатива. Не ги искористивме своите шанси. Бевме под притисок и тоа влијаеше”, коментираше Саутгејт.

„Хрватите имаат многу искусни фудбалери, што се виде во финишот од средбата. Во продолженијата натпреварот повторно стана израмнет. На ова ниво деталите се од клучно значење. Хрватска постигна втор гол, а ние не можевме да одговориме. Им посакувам успех во финалето. Тие покажаа поголема желба и заслужија да играат во последниот натпревар на СП во Русија”, признава селекторот на Англија, Герет Саутгејт.

Share.

Leave A Reply