Сакраменто му нуди договор на Казинс вреден 207 милиони долари

0

Сакраменто и центарот ДеМаркус Казинс, почнаа преговори за потпишување на нов договор, објавија извори блиски до клубот. Двете страни се многу блиску до постигнување согласност за продолжување на соработката.

Информациите велат дека Сакраменто му понудил петгодишен договор на Казинс со вкупна вредност од 207 милиони долари. Новата соработка би требало да се официјализира на стартот на следната сезона.

Актуелниот договор на кошаркарот истекува на крајот од тековната сезона. 26-годишниот Казинс е прва „виолина“ на домашните со просек од 28 поени по натпревар само оваа сезона.

Share.

Leave A Reply