Малиот авион со аргентинскиот напаѓач Емилијано Сала исчезна од радарот над каналот Ла Манш за време на летот од Нант до Кардиф. Операцијата за пребарување не е успешна во првите неколку часа и ќе продолжи денес.
Шансите за преживување на 28-годишниот фудбалер и пилот се минимални. Фановите на Нант и Кардиф Сити, каде што Сала требаше да ја продолжи кариерата, се простуваа од играчот, иако неговата смрт сè уште не е официјално потврдена. Во исто време, содржината на аудио порака која фудбалер ја испрати до блиските пријатели од авионот пред да се случи исчезнувањето е многу јасна.
„Здраво, браќа, како сте? Јас сум мртов (од замор). Го поминав денот во Нант со обврски, кои се чини дека немаат крај. Сега сум во авионот, кој изгледа како дека ќе се распадне на парчиња. Заминувам за Кардиф, а утре почнувам со тренинг во мојот нов тим, ќе видиме што ќе се случи. Како сте момци? Ако за час и половина нема вест од мене … Не знам дали ќе испратат некој да ме бара, бидејќи нема да ме најде, но кој знае. Леле, колку се плашам”, вели Сала во пораката, чија содржина беше потврдена од страна на некои кои ја примиле. Еден од нив е неговиот поранешен соиграч во Бордо Диего Ролан, кој зборувал за Уругвајското радио по повод трагичниот настан.