Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах, кој вчера постигна гол од корнер во победата на Египет над Свазиленд со 4:1, се повреди и засега не се знае колку време ќе отсуствува од фудбалските терени.
Како што објавија медиумите, најдобриот реализатор во Премиер лигата за минатата сезона, мораше да го напушти мечот предвреме, поради мускулна повреда.
Од националниот тим на Египет соопштија дека се надеваат дека повредата на најдобриот египетски фудбалер не е сериозна, но дополнително ќе следуваат прегледи.