Најдобриот фудбалер на Ливерпул оваа сезона Мохамед Салах смета дека Лигата на шампионите е најважниот предизвик пред Ливерпул и неговите 40 гола оваа сезона се во втор план.
Интернационалецот од Египет ја достигна оваа граница со погодок против Бурнемаут во саботата и води во листата на стрелци кои се борат за „Златна копачка”, но сезоната за Ливерпул допрва почнува. Тие се борат со Манчестер Јунајтед за второто место во домашното првенство и уште поважно – играат против Рома во полуфиналето во најпрестижното клубско натпреварување – Лигата на шампионите.
„Сакам да ја освоиме Лигата на шампионите. Ако имав една желба, тоа би било тоа. Лигата на шампионите е најважниот турнир за сите во нашиот тим и не не интересира ништо друго“, изјави Салах за индивидуалните награди, кои може да ги освои по завршувањето на сезона.
25-годишниот Салах има 30 гола во 32 натпревари во првенството со Ливерпул и е фаворит за фудбалер на годината во Англија.