Само реми во Украина (27-27), ЕП ќе бараме во Скопје

0

Македонската ракометна репрезентација не успеа да слави во Украина и уште денеска да го обезбеди настапот на ЕП во Хрватска. На гостувањето кај Украина одигравме нерешено, 27-27, иако на полувремето имавме четири гола предност, но истата не успеавме да ја ефектурираме во триумф во вторите 30 минути.

Македонија во клучните моменти не успеа да реализира преку Кире Лазаров и Талески, што им даде шанса на Украинците кои ја искористија и дојдоа до реми во завршницата на мечот. Иако го имавме последниот напад, Манасков не реализираше од крило за победа.

Кире Лазаров со осум постигнати гола беше најефикасен во нашиот тим, а Филип Талески постигна 6 гола. Кај Украина одличен беше Садови со седум гола.

Share.

Leave A Reply