Сампдорија го продаде уругвајскиот репрезентативец Лукас Тореира за 30 милиони евра, соопшти претседателот на италијански клуб Масимо Фереро.
Тој не го прецизираше името на купувачот, но според информации станува збор за англискиот Арсенал, кој веќе подолго време има интерес за 22-годишниот дефанзивен играч за врска.
„Тореира беше продаден за 30 милиони евра. Го купивме од Пескара за само 3 милиони и никој не веруваше во него. Ризикувавме и добивме. Парите ни се потребни, а ако добиеме добра понуда и за друг наш играч, ќе ја прифатиме. За нас важно е да се оствари профит од трансферите на фудбалерите”, рече Фереро. Ториера одигра 38 натпревари за Сампдорија минатата сезона, а постигна 4 гола и 1 асистенција.