Сампрас: Надал може да го надмине Федерер

0

Легендарниот тенисер, Пит Сампрас, потенцира дека Рафа Надал има шанси да го надмине Роџер Федерер по бројот на освоени титули од Гренд Слем турнирите.

Американецот истакна дека Надал може да го стори тоа доколку продолжи да игра на 35-годишна возраст, односно уште четири сезони. По неговиот триумф на „САД Опен“, Надал има 16 трофеи или само три помалку од Федерер.

„Општо гледано, тоа зависи од Рафа, од неговата мотивација и од тоа колку го сака тенисот. Ако игра до 35 години, има многу добри шанси да го надмине Федерер. Тој секогаш ќе биде фаворит на „Ролан Гарос“ и на теренот на „Вимблдон“, изјави Сампрас кој ја заврши  кариерата со 14 Гренд-слем титули и беше на врвот на АТП листата цели 286 недели.

Share.

Leave A Reply