Самсоненко: Ако не „наместат“ си одам од ракометот

0

Првиот човек на Вардар, Сергеј Самсоненко, на неколку дена пред четвртфиналната пресметка со Фленсбург откри дека сериозно стравува од судиска неправда на премиерниот меч од четврфиналето на Лигата на шампионите против Флензбург во Германија. На прес-конференцијата во Скопје пред заминувањето, Самсоненко вели дека во клубот има информации дека се подготвува некакво сценарио за конечниот исход на дуелот со Германците.

„За мене е ова многу сериозен и важен момент. Не сакав да зборувам за ова, но имаме сериозни индиции дека се подготвува нешно нечесно на дуелите со Флензбург. Ова е четврта година по ред што играме во четвртфинале и за нас е голема шанса да дојдеме до посакуваниот Ф4. Имаме лоши информации, но без разлика што и да се случи, ние ќе дадеме се од себе за да го поминеме Флензбург. Единствено што сакам да поставам прашање пред јавноста е дали го заслуживме ова? Не ми е јасно зошто ни ги ставија „нашите пријатели“ од Данска кои ни судеа овде против Барселона. Но, така одлучила ЕХФ и ние тоа треба да го почитуваме, но ние се надеваме само дека од Флензбург и од ЕХФ ќе го следат овој натпревар и дека се ќе биде како што треба и дека нема да се повтори тоа што се случи пред три години. Ако се повтори истата ситуација со нашиот клуб јас ќе се повлечам од ракометот. Немам сила веќе да се борам. Во секој случај ќе останам во Вардар, но ќе ги поддржувам младинските школи“, најави претседателот и сопственик на клубот, Сергеј Самсоненко.

ЕХФ за судии на првиот натпревар ги одреди Словенците Крстиќ и Љубиќ, но затоа реваншот во Скопје ќе го судат Данците Гјединг и Хансен, на чија арбитража „црвено-црните“ се жалеа по ланскиот дуел во Скопје против Барселона.

Share.

Leave A Reply