Самсоненко ќе се збогува со Вардар

0

Првиот човек на спортскиот колектив Вардар, Сергеј Самсоненко, најави дека ќе се повлече и дека ќе го прекине финансирањето во дел од екипите.

„Вчеравечер се вратив во Скопје и бев длабоко вознемирен од сето она што го прочитав во медиумите, на социјалните мрежи, порталите… Драги пријатели, цената на ниту еден билет не може ниту, пак, сакам да го врати тоа што го вложив без никаква задршка во македонскиот ракомет, фудбал, тенис и друго… токму поради тоа јас, од мое име и од името на управата на ФК Вардар, донесов одлука.“ стои во дел од соопштението.

„Ова е последна сезона во која јас, Сергеј Самсоненко, како инвеститор вложувам во сите три спортски клуба во Македонија. По оваа сезона, ќе ги вратам трите клуба на поранешните сопственици во одлична состојба, со шампионски титули, добар ранкинг и без долгови“ стои меѓу другото со соопштението на рускиот бизнисмен.

Share.

Leave A Reply