Санчез денеска ќе стане играч на Манчестер Јунајтед

0

Раководството на Манчестер Јунајтед се надева дека успешно ќе го заокружи трансферот на Алексис Санчез од Арсенал до крајот на денот. Двата клуба се во напредни преговори за чилеанската ѕвезда, а идејата на “црвените ѓаволи” е да можат да го добијат Чилеанецот уште за утрешниот натпревар од Премиер лигата со Барнли.

Се очекува во трансакцијата да биде вклучен и Хенрик Мхитарјан кој го загуби првотимскиот статус на „Олд Трафорд“ по скандалот со Жозе Мурињо. Освен тоа Јунајтед ќе доплати и 10 милиони фунти, а Алексис ќе добие највисока плата на Островот.

29-годишниот фудбалер ќе заработува неверојатни 505.000 фунти неделно.

Share.

Leave A Reply