Санчез доби дозвола да се рехабилитира во Чиле

0

Алексис Санчез се врати во својата родна земја Чиле за да закрепне од повредата што ја претрпе пред неколку дена, пишуваат британските медиуми.

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед доби лошо истегнување на мускулот и сигурно ќе ги пропушти преостанатите натпревари до крајот на оваа календарска година за „црвените ѓаволи”.

На крајот тој добил дозвола од раководството да ја искористи ситуацијата и да се врати во Чиле, каде ќе продолжи со рехабилитацијата по специјална програма.

Околу иднината на чилеанецот има доста шпекулации, но неодамна Мурињо најави дека всушност е задоволен од неговото залагање и нема намера да се раздели со него во текот на зимата.

Share.

Leave A Reply