Санчез е задоволен од работата на Солскјер

0

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез, проценува дека доаѓањето на Оле Гунар Солскјер на местото на Жозе Мурињо, значително ја подигнало атмосферата во клубот. Тој иако поради повреда не игра многу, сепак е задоволен со тоа што го прави норвешкиот тренер.

„Мурињо е еден од најдобрите тренери на светот ако се земе в предвид како ги анализира видео материјалите како и со начинот на кој им пристапува на работите“ – рече Санчез кој во ерата на Португалецот размислуваше и да ги напушти „црвените ѓаволи“.

„ Некое време не играв, па потоа играв и како играч ја губите самодовербата. Покрај тоа, атмосферата во клубот беше „нездрава“ кога тој беше на клупата“ – потенцираше напаѓачот на екипата од „Олд Трафорд“.

Share.

Leave A Reply