Првиот човек на фудбалскиот состав Интер, Пепе Марота, потврди дека напаѓачот, Алексис Санчез, нема да се врати во Манчестер Јунајтед и дека ќе остане во тимот од „ Џузепе Меаца“.
Чилеанецот кој беше ангажиран од италијанците за една сезона, успеа да ги исполни очекувањата на „нероаѕурите“ кои одлучија да го задржат и да ја покријат неговата висока плата. Затоа Јунајтед спогодбено ќе го раскине договорот со Санчез и ќе го пушти во Интер како слободен фудбалер.
„Се ќе биде официјализирано, имаме договор на три години и веруваме во него“ – изјави Марота.