Санчез, Рабио и Годин дел од најлошите трансфери во Серија А

0

Италијанскиот весник „Газета дело Спорт“ го објави изгледот на тимот составен од најнеуспешните трансфери на клубовите во Серија А од 2018 до 2020 година.

Позицијата на голманот ја зазеде 23-годишниот италијански голман на Наполи Алекс Мерет, проценет на 30 милиони евра.

Кај играчите се најдоа Леонардо Спинацола (Рома, 23,5 милиони евра), Диего Годин (Интер, 5 милиони евра), Дени Вавро (Лацио, 10 милиони евра) и Антонио Барека ( Џенова, 10 милиони евра).

Има и други многу познати имиња кои се најдоа во овој состав, играчи во средниот ред: Лукас Пакета (Милан, 30 милиони евра), Адриен Рабио (Јувентус, 20 милиони евра), Хавиер Пасторе (Рома, 10 милиони евра).

Триото во нападот е: Симоне Верди (Торино, 20 милиони евра), Алексис Санчез (Интер, 27,5 милиони евра) и Ирвинг Лозано (Наполи, 35 милиони евра).

Вака изгледа тимот на најлошите трансфери во Италија во формација 4-3-3 според „Газета дело Спорт“.

Share.

Leave A Reply