Американскиот тенисер, двократен четвртфиналист на Австралија опен, Тенис Сандгрен, иако имал позитивен резултат на Ковид-19 сепак ќе се појави на терените во Мелбурн.
Спортистот објави на социјалните мрежи дека го прележал вирусот уште во ноември и дека е изненаден од резултатот на неговиот последен тест.
Како и да е, играчите и членовите на нивните тимови ќе бидат тестирани секој ден во Австралија. Турнирот ќе се одржи од 8 до 21 февруари.