Сантош е гневен на анти-допин агенцијата во САД

0

Бразилскиот борец во ММВ во тешка категорија, Жуниор дос Сантош, има лошо мислење за работата на Американската анти-допинг агенција. Тој беше казнет поради користење на допинг, но, набрзо на 14 јули ќе се врати во рингот.

„Тие ја запреа мојата кариера за да се направи истражување на претходниот допинг тест – објасни поранешниот шампион на „UFC“ во тешка категорија.

„Тоа е спротивно на Правилникот. Прекршувањето за претпоставка на невиност. Во Американската агенција за допинг сè е поставено наопаку. Знам дека не сум направил ништо забрането. Во целата моја кариера се придржувам до правилата, но, 2017-та ми стана кошмар. Станав шампион, запазувајќи ги  правилата и мојата цел е повторно да се случи тоа“ – вели Сантош.

Share.

Leave A Reply