Сарачевиќ: Игравме против подобар противник и заслужено победија

0

Загреб беше одличен во финалниот натпревар, ракометарите на хрватскиот шампион му дадоа сиелн отпор на европскиот шампион Вардар, а тоа знаечеше и многу поинтересен и неизвесен финален натпревар.

Тренерот на Заргреб Златко Сaрачевиќ по натпреварот на прес-конфренцијата им честиташе на своите играчи за играта, а на Вардар за освоената титула:

„Би сакал да му честитам на Вардар за заслужената титула. Беа најдобри во СЕХА-лигата во текот на цела оваа сезона. Завршија без пораз сосема заслужено. Мислам дека беа врвни на сите натпревари, па и на овој финален. Победи подобриот, но јас сум горд на моите момци на играта што ја прикажаа. Игравме колку што можевме, го дадовме својот максимум , а на спротивната страна имавме подобар противник и тоа е тоа“, изјави Сарачевиќ.

Share.

Leave A Reply