Сари : Аталанта е одличен состав

0

Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Маурицио Сари објасни зошто Миралем Пјаниќ, го пропушти вчерашното дерби со Аталанта одиграно во Торино кое заврши 2 спрема 2.

„Пјаниќ имаше проблем со адукторот, тој не беше во одлична форма и не сакав да ризикувам некоја посериозна повреда на мускулите бидејќи се игра на секои три дена“ – рече тренерот на „старата дама“ и се осврна на збиднувањата на мечот.

„Откако го примивме вториот гол успеавме да се наметнеме во вториот дел. Целосно ја презедовме контролата. На крајот мора да бидеме среќни бидејќи игравме против една од најдобрите екипи во Европа” – потенцираше Сари.

Share.

Leave A Reply