Сари денеска промовиран како нов тренер на Јувентус

0

Маурицио Сари денеска беше и официјално беше промовиран за нов тренер на Јувентус. На прес-конференција на стадионот „Алијанц“ во Торино, Италијанецот ги искажа своите очекувања од доаѓањето на клупата на гигантот од Италија.

„Навивав за Наполи, нормално, таму сум роден. Давав се од себе. Во последните неколку месеци се сомневав меѓу мојата посветеност кон клубот и навивачите и професионалниот однос. Јувентус ми даде шанса и ова е круна на мојата кариера која беше тешка. Кога Јувентус ме контактираше чувството беше силно. Никогаш во мојата  30-годишна кариера не сум видел клуб кој е толку посветен да донесе тренер. Никогаш не сум видел толку многу директори, толку посветени луѓе да донесат еден тренер. Беа единствени и убедени во својот избор и тоа ми значи“, рече Сари.

Share.

Leave A Reply