Сари добива шанса да остане кај „сините“

0

Весникот „Гардијан“ пишува дека Маурицио Сари има последна шанса или уште еден месец за да си ја спаси позицијата и да остане на кормилото на фудбалскиот состав Челзи.

„Сините“ по катастрофалниот пораз на гостувањето кај Манчестер Сити, сега ги очекува дуелот со Малме во елиминацискиот дел во Лигата на Европа.Тимот од „Стемфорд Бриџ“ по мечот со Швеѓаните ќе има пеколен распоред до крајот на месецов. Ќе игра против Манчестер Јнајтед во петтата рунда од ФА-купот потоа доаѓа финалето со Манчестер Сити во Лига купот и мечот од 27. коло во Премиер лигата против Тотенхем.

Доколку на тие мечеви Сари успее да оствари позитивни резултати тогаш управата ќе го задржи на тренерската позиција до крајот на сезоната.

Share.

Leave A Reply