Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Маурисио Сари, воопшто не го потценува тимот на Локомотивата (Москва) кој денеска ќе гостува во Торино во третата рунда во елитната конкуренција на Стариот континент.
„Секој тим шти игра во Лигата на шампионите треба да се почитува. Ние треба да пристапиме максимално ангажирано и да се обидеме да ги освоиме бодовите“ – вели 60-годишниот тренер кој се осврна и на игрите на Кристијано Роналдо.
„Тој е личност со исклучителна ментална сила и секогаш ги мотивира сите околу него. Тој ме натера да ја видам разликата“ – вели Сари.