Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари, изјави дека неговиот состав е комплетиран и дека е задоволен од играчите што ги има.
Кратко пред затворањето на трансфер прозорецот, лондончани се разделија со Тибо Куртуа, кој се пресели во Реал Мадрид. Неговата замена беше привлечена од Атлетик Билбао , а тоа е Кепа Аризабалага за рекорден голмански трансфер од 80 милиони евра.
„Среќен сум за двајцата голмани. Ситуацијата на Куртуа беше јасна. Тој сакаше да оди во Мадрид и загубивме еден од најважните голмани во светот, но сега имаме еден од најдобрите млади голмани во Европа. Во овој момент Keпa не е подобар од Куртуа. Тој е многу млад. Се надевам дека може да се развие многу брзо. Многу сум среќен што го зедовме Ковачиќ. Мислам дека нашите активности на трансфер пазарот сега се завршени “, рече Сари.
Италијанецот ќе го има своето деби во Премиер лигата утре кога Челзи ќе биде домаќин на Хадерсфилд. Поранешниот тренер на Наполи коментираше дека нема проблеми со Еден Азар, чија иднина до неодамна беше нејасна. „Азар е со нас. Зборував со него три, четири пати на било која тема. Тој не го спомнал трансфер пазарот. Тој е многу среќен тука. Мислам дека е невозможно да го продадеме, бидејќи пазарот е затворен тука и ние не можеме да најдеме адекватна замена за него”, заврши Сари.