Сари и Јувентус се договориле за раскин на договорот

0

Поранешниот тренер на Јувентус, Маурицио Сари ќе го раскине договорот со клубот скоро три месеци по заминувањето.

Според „Спорт Медиасет“, по долги преговори, тренерот сепак се договорил со клубот од Торино за условите за раскин на договорот. Договорот е постигнат пред неколку часа. Беше објавено дека Јувентус ќе биде принуден да му плати на Сари 20 милиони евра за раскин на договорот.

Договорот на италијанскиот стручњак со клубот беше до 2022 година. Маурицио Сари заработуваше 5,5 милиони евра по сезона по оданочување. Да потсетиме, Сари доби отказ по елиминацијата на Јувентус од претходната сезона во Лига на шампиони во 1/8 финалето од Лион. Претходно беше објавено дека Сари може да ја предводи Фиорентина.

Share.

Leave A Reply