Сари: Има мала криза, но не е ништо страшно

0

Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, по ремито од 1-1 со Милан во Купот на Италија, изјави дека тимот има мал кризен период кој брзо треба да биде надминат.

„Добро настапивме во текот на првиот дел, особено кога тие притискаа. Ја држевме топката премногу долго, наместо да играме со тоа. Со тоа го оставивме Роналдо целосно изолиран”, рече Сари по натпреварот.

„Не сум загрижен. Нормално е да се биде во една ваква фаза. Многу работи во овој спорт зависат од физичката и психолошката состојба на одделни играчи”, дополнил тој.

Share.

Leave A Reply