Сари најверојатно ќе остане до крајот на сезоната на „Стемфорд Бриџ“

0

Сопственикот на фудбалскиот состав Челзи, Роман Абрамович, нема намера да ја прекине соработката со Маурицио Сари пред да заврши сезоната иако деновиве се појавија одредени шпекулации дека Италијанецот ќе биде ослободен од обврските додека трае паузата во првенството поради настапите на националните тимови.

Според наводите,  луѓето Челзи одлучиле дека не е дојден вистинскиот момент за рокади иако лондончани се влезени во лоша резултатска серија.

„Сан“ наведува дека тренерот Маурицио Сари сепак може да биде отпуштен доколку Челзи испадне од Лига Европа или остане без шанси да се бори за четвртото место во Премиерлигата.

Share.

Leave A Reply