Сари: не се браневме, одигравме атрактивно

0

Стратегот на Наполи, Маурицио Сари, истакна дека неговите фудбалери одиграле добро на вчерашниот меч со Манчестер Сити во Лигата на шампионите иако не успеаа да го избегнат поразот.

„Кај нив се беше подредено на успеах, ние се обидовме да им парираме со офанзивен фудбал. Ние дојдовме тука да играме и мислам дека тоа беше спектакуларен меч. Едноставно изгубивме од подобар тим, Манчестер Сити има импресивни квалитети“ вели Сари.

„Тие имаа неверојатен состав. Исклучително си физички, технички и тактички подготвени, ако успеат да ги задржат сите три квалитети во висока форма, можат да ја освојат Лигата на шампионите, – порачува Сари.

Share.

Leave A Reply