Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, нема да ја води својата екипа од клупата за време на претстојните два натпревари на Јувентус против Парма и Наполи, бидејќи му е дијагностицирана пневмонија и му треба малку повеќе време за да се лекува.
Сепак, официјалната страница на тимот ги увери навивачите дека неговата состојба се подобрува и сè е под контрола.
„Денес, нашиот тренер Маурицио Сари помина низ дополнителни истражувања кои покажаа дека тој е во подобра состојба, но за да се опорави целосно од болеста, тој треба да мирува и нема да го предводи тимот на натпреварите против Парма и Наполи“, објавија од Јувентус на својата официјална веб-страница. Самиот тренер денес разговараше со своите асистенти и им даде насоки за претстојните тренинзи и средби.