Сари: Оваа работа секогаш е изложена на ризик

0

Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари по вчерашниот дебакл на неговиот тим на гостувањето кај Манчестер Сити, вели дека неговата работа е “секогаш изложена на ризик”, па затоа не може да каже до кога ќе биде тренер на лондонските „сини“.

Челзи го доживеа еден од своите најтешки порази во Премиер Лигата, што само дополнително ги подгреа страстите во јавноста.

Запрашан дали се плаши за својата работа, Италијанецот рече дека секогаш постои притисок и ризик дека тој може да биде отпуштен.

„Треба да го прашате клубот. Загрижен сум за мојот тим“, изјави Сари на прес-конференцијата.

„Јас сум загрижен за изведбата, но мојата работа е секогаш изложена на ризик. Значи, не сум загрижен, но клубот е тој кој ги дава ваквите одговори”, дополнил италијанскиот стратег.

Share.

Leave A Reply