Супер ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо нема да учествува во утрешниот натпревар против Аталанта. Ова го потврди тренерот на тимот Маурицио Сари.
„Не треба да објаснам за реакциите на Роналдо по неговата замена на претходниот натпревар. На одредени места, на играчите мора да им се овозможи да се опорават и да се одморат. Проблемот е што во вторникот тој ни рече дека сè уште не се чувствува добро. Кога се врати, тој ни рече дека се чувствува подобро по својот прв натпревар за Португалија, но во вториот повторно чувствува болка. Затоа е 99% сигурно дека тој нема да биде подготвен да настапи против Аталанта. Целта е тој да биде 100% подготвен на натпреварот во Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид.
Проблемот на Алекс Сандро е помалку сериозен отколку што мислевме додека Адриен Рабио има болка во ногата. Хуан Куадрадо има повреда на грбот, но Миралем Паниќ ќе биде подготвен за настап. Блес Матуиди исто така има некои болки, но тој ќе покаже карактер и ќе ги надмине, така што ќе биде во составот за натпреварот“, изјави Сари на својата прес-конференција пред натпреварот.