Сари:„Единственото нешто што ми се допаѓа е резултатот“

0

Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари, не беше воодушевен од победата на својот тим со 1:0 над БАТЕ (Борисов) во Лигата на Европа. Оваа победа практично ги пласираше Лондончани во фазата на елиминации, но италијанскиот тренер рече дека е задоволен само од резултатот, но не и со играта на неговите фудбалери.

„Јас сум само среќен со резултатот. Не игравме многу добро. Не сум среќен со првата половина од мечот, се движивме премногу бавно. Тешко ни беше да создадеме опасности во нападот. Ние бевме подобро во вториот дел, но во последните 15 минути повторно ја пропуштивме иницијативата. Само резултатот ми се допадна. Во овие услови не беше лесно да се игра добра игра. Мислам дека би можеле да покажеме повеќе”, рече Сари.

Оливие Жиру го постигна победничкиот гол и стави крај на серијата натпревари без постигнат гол. Тренерот рече дека е среќен за него.

„Мило ми е за него, тој е важен играч за нас. Знам дека секој напаѓач сака да постигне гол. Ова е важно за неговата самодоверба. Добро е што продолжуваме. Ние треба уште еден бод за да бидеме први во групата, тоа е нашата следна цел. Потоа ќе размислиме за следната фаза од ова натпреварување во февруари”, додаде италијанецот кој го води тимот на Челзи.

Share.

Leave A Reply