Саутгејт: Направивме доста грешки, ова беше чуден меч

0

Селекторот на англиската фудбалска репрезентација, Герет Саутгејт по вчерашниот меч со Косово во квалификациите за ЕП, вели дека тоа беше еден многу чуден натпревар.

„Противникот имаше многу добри моменти во играта. Всушност, ние направивме многу грешки на овој натпревар што доведоа до голови, но јас сум навистина задоволен што покажавме комфор и победивме. Секако овој тим мораше да игра подобро и почисто. Не мислам дека играчите треба да објаснат некои свои потези, затоа што сите моменти во нашата игра беа очигледни, како и грешките“, вели Саутгејт.

По четири кола, репрезентацијата на Англија го зазема првото место во групата А со 12 бода.

Share.

Leave A Reply