Дефанзивецот на Манчестер Сити, Кајл Вокер, повеќе нема да биде повикан во репрезентацијата на Англија, поради неодамнешниот скандал.
Вокер за време на карантинот изнајмил куќа и повикал две проститутки, за подоцна да излезе со порака до фановите да останат во своите домови и да ги следат препораките на здраствените власти.
Вокер се обиде да го скрие својот идентитет и куќата ја изнајмил под друго име, но подоцна една од девојките го препозна.
Селекторот на Англија, Герет Саутгејт незадоволен од однесувањето на играчот најави дека повеќе нема да го повикува во репрезентацијата за која Вокер има 48 настапи.