Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити, Филип Фоден и напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд нема да бидат повикани во селекцијата на Англија за натпреварите во Лигата на нациите во октомври.
Селекторот Герет Саутгејт, не планира да ги повика играчите, бидејќи не помина многу време од скандалозниот инцидент во кој младите играчи беа фатени како ги кршат правилата за карантин.
Имено, по натпреварот на гости со Исланд во Лигата на нации (1:0), Фоден и Гринвуд ги донесоа девојките во хотелот каде се наоѓаше екипата. Саутгејт не заборавил на инцидентот и реши и овој месец да ги прескокне за репрезентативните активности.