Се е подготвено за Авицена женската трка

0

Шестата Авицена женска трка како најава за познатиот „ВИЗ ЕР Скопски Маратон“, ќе биде реализирана в недела на 1 април со почеток во 09.30 часот. На денешниот прес Гордана Кузмановска Николовска од Сојузот на спортови на град Скопје, најави, дека досега се пријавени околу 1.600 жени и дека ќе бидат доделени награди во седум возрасни категори.

Нашата најдобра маратонка, Весна Кираџиевска, потенцирајќи дека ќе трча рекреативно, апелираше до припадничките на понежниот пол да бидат максимално активни и да го искористат денот на шегата – 1 април, за да се појават маскирани на стартната рамнина. Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, изјави дека е презадоволен бидејќи Агенцијата покрај тоа што се појавува како промотор на женскиот спорт и трчањето, во континуитет работи за подобро спортско живеење во нашава земја.

Присуството на седмата сила го искористи спортскиот директор на „ВИЗ ЕР Скопскиот Маратон“, Кире Синадиновски, кој ексклузивно најави, дека промотор на големиот настан ќе биде светската рекордерка од Велика Британија, Пола Ратклив и дека на маратонот треба да се појавата околу 9.000 учесници. Тој потенцира дека ќе има и неколку новитети. Прв пат ќе има дигитален стартен пакет, автоматизирани фотографии кои ќе им бидат испратени на сите учесници и дека долж патеката ќе има музички бендови.Пријавувањето и регистрацијата за Авицена Женската трка 2018 трае до 29 март а пријавувањето за Виз Ер Скопски Маратон е до 27-ми април. Заинтересираните може да се пријават на официјалната веб страна на http://skopskimaraton.com.mk/ и http://zenskatrka.mk/ или преку партнерот за онлајн регистрација на Виз Ер Скопскиот Маратон, www.smartrace.club

Share.

Leave A Reply