Се е подготвено за Купот, фаворитите внимателни во прогнозите

0

Кавадарци е подготвено за стартот на кошаркарскиот Куп. Денеска на прес-конференција, клубовите учесници на завршниот турнир ги искажаа и своите очекувања од турнирот, кој почнува в петок со четврфиналните мечеви.

Еден од фаворитите на турнирот, Работнички, најави дека ќе почне концентрирано уште од првиот меч со Карпош Соколи, кој иако е драстично ослабен од лани кога го освои купот, сепак, може да биде крајно незгоден.

„Оваа година Карпош игра во променет состав. Без разлика, мора да играме коцентрирано и мотивирано и да ја оствариме нашата цел – што подобар пласман во ова натпреварување“, изјави Перо Блажевски, помошникот на Марин Докузовски на кормилото на момците од Градскиот Парк.

Шампионот МЗТ Скопје е во исклучителна резултатска криза, но тренерот Лукајиќ вели дека сите во кавадарци одат со иста цел – освојување на Купот.

„Купот е специфично натпреварување. Специфично поради тоа што еден меч одлучува се. Секој клуб и секој играч бара изненадување, а изненадувања се случуваат. Затоа треба да бидеме внимателни. Мора да се концентрираме на секој меч, без разлика се што се случува во клубот“, вели тренерот на аеродромци.

Во четврфиналните дуели во „Јасмин“ во петок играат:

13:00 Работнички – Карпош Соколи

15:30 Блокотехна – АВ Охрид

18:00 МЗТ Скопје Аеродром – Фени Индустри

20:30 Куманово 2009 – Гостивар

Share.

Leave A Reply