Се е подготвено за новото издание на „Златен гонг“

0

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, на денешниот прес потенцираше дека боксерската манифестација – „Златен Гонг“ станува македонски спортски бренд на Балканот и Европа и од таа причина Агенцијата се јавува како генерален покровител.

„Се надевам на фер-плеј борба и судење и упатувам покана до сите вљубеници на боксот да уживаат во перформансите на сите учесници,- изјави Каевски. Манифестацијата „Златен гонг“  ќе се одржи по 47-ми пат во Вип Арената во  СЦБТ ( мала сала) од 9-11 ноември а ќе учествуваат околу 40-ин боксери од 7 земји.

Борбите од полуфиналето се закажани за в петок од 16:00 до19:00 часот додека свеченото отварањето на настанот ќе се одржи од 17:30 часот. Во сабота финалните борби ќе стартуваат во 11:00 часот а доделувањето на наградите и признанијата треба да започне од 14:00 часот.

Share.

Leave A Reply