Денеска во просториите на Агенцијата за млади и спорт се одржа прес- конференција по повод претстојната трка “Skopje Run 10K“. На истата се обратија Дарко Каевски, директор на АМС, Гордана Николовска од Сојуз на спортови на Скопје и Кире Синадиновски, директор на Виз Ер Скопски маратон.
„Со трката „Скопје трча“ успеавме да внесеме новитет во спортското живеење кај нас. Тоа што го започнавме пред неколку години, сега се претвори во значаен спортски настан кој привлекува внимание и надвор од нашите граници“ рече Каевски.
Според организаторот се очекува на оваа трка да настапат рекорден број на учесници од земјава и странство, самата трка ќе се одржи на 6 октомври