Шампионот на „UFC“ во категоријата – пердув, Макс Халовеј најверојатно на 7 јули ќе ја брани титулата против официјалниот предизвикувач, Брајан Ортега. Тоа ќе се случи за време на таканаречената недела на „UFC“ која традиционално се одржува во првата недела од јули во Лас Вегас.
Организаторот на настанот планира борбата меѓу Халовеј и Ортега да биде веднаш по големиот спектакл меѓу двајца врвни шампиони. Станува збор за ѕвездата во тешка категорија, Стипе Миочиќ кој ќе се соочи со носителот на појасот во полу-тешка категорија , Даниел Кормие.
Ќе потсетиме дека во еден период Халовеј имаше проблеми со килажата и дека соодветната комисија во државата Њујорк му забрани да настапува.